Силна експлозија во пристаниште на југот на Иран – повеќе од 500 повредени

152

Бројот на повредени во денешната силна експлозија во пристаниште на југот на Иран порасна на 516, јаува државната телевизија.

До силната експлозија дошло во пристаништето Шахид Раџаи на југот на Иран.

Иранската телевизија јави дека стотици луѓе се пренесени во болница.

Пристаништето Шахид Раџаи, важно трговско пристанише во зермјата, се наоѓа на повеќе од 1.000 километри јужно од главниот град Техеран во близина на големиот присташен град Бандар Абас.

Засега не е објавена причината за експлозијата.

Регионалниот надлежен за управување со катастрогфи изјави дека спасувачки тимови се обидуваат да стасаат на местото на несреќата и дека други се обидуваат да го евакуираат местото.

Тој рече дека експлозијата настанала од контејнер во пристаништето Раџаи.

 

ИЗДВОЕНИ