Синоќа нешто пред полноќ е фрлена експлозивна направа во близина на општинската зграда во Звечан, нема повредени, а причинета е материјална штета, изјави заменик командирот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.
Тој за Танјуг изјави дека најверојатно се работи за рачна граната М-75.
Причинета е штета на општинската зграда, како и на четири автомобили кои биле паркирани во близина на општинската зграда“, рече Елшани.
Тој додаде дека нема повредени или осомничени, а косовската полиција работи на расветлување на овој случај.