Силјановска Давкова пред болницата „Свети Наум Охридски“: „Прво надеж, а потоа болка. Млади луѓе се тоа, ќе издржат, треба да ги охрабриме“

70
Фото:принтскрин

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова претпладнево дојде во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде се пренесени повредени во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде ноќеска во голем пожар загина 51 млад човек.

Таа за медиумите изјави : „Прво надеж, а потоа болка. Млади луѓе се тоа, ќе издржат, треба да ги охрабриме“.

Прашана за причините за пожарот, употребата на приотехнички средства таа рече:

„Тоа е нешто што мора однапред да се превидиди. Не е прв пат ова да ни се случи“.

На новинарско прашањеј дали знае дека не постои веќе центар за изгореници, таа рече:

Не знам да ви кажам. Ова што го видов овде ми изгледа стручно. Не знам за центарот, добро што ми рековте, ќе прашам сега.

Било што да ви треба, јавете се, им рече таа на родителите кои седеа на клупата пред болницата.

Претседателката соопшти дека директорот на болницата ќе напише се што е потребно од медицински материјали, бидејќи најверојатно имале потреба од повеќе гази.

ИЗДВОЕНИ