Силен земјотрес во Хрватска

4938

Силен земјотрес е почувствуван во Риека и околината во 11.02 часот. Според прелиминарните извештаи од ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил шест километри северно од Риека на длабочина од три километри, а јачината била 3,4 степени, пишува Рипортал.

EMSC првично го процени земјотресот со јачина од 3,4 степени, но подоцна го намали на 3,0.

„Надвор звучеше како татнеж“, „Беше гласно“, „Бучењето и тресењето траеше неколку секунди“, се дел од коментарите на граѓаните.