Силен земјотрес од 6,2 степена ја погоди Турција/ВИДЕО

283

Силен земјотрес ја погоди северозападна Турција во 12:49 часот по локално време, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според податоците на ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 6,2 степени, а епицентарот бил лоциран во внатрешниот дел на Мраморното Море, во близина на Силиври, на периферијата на Истанбул.

Земјотресот беше почувствуван во голем број соседни провинции, што предизвика загриженост кај жителите.

Нема информации за жртви и штети.

ИЗДВОЕНИ