Силен земјотрес го погоди Карипското Море – регистрирани 7,6 степени според Рихтер, издадено предупредување за цунами

60

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа северно од Хондурас во Карипското Море, објавија бројни меѓународни истражувачки центри.

Американскиот геолошки институт (USGS) соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри и бил со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала. УСГС додаде дека епицентарот се наоѓал на околу 200 километри југозападно од Џорџ Таун на Кајманските Острови.

Не е јасно дали е забележана штета на копното.

Ова е најголемиот земјотрес во регионот од 2021 година, кога земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Хаити, соопшти американската Национална океанска и атмосферска администрација.

Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот важело предупредување за цунами во Карипското Море и северно од Хондурас, додавајќи дека не се очекува цунами на американскиот брег на Атлантикот или на Заливот.

Системот исто така издаде предупредување за цунами за Порторико и Девствените Острови.

ИЗДВОЕНИ