Велигден да донесе утеха заеднички да ги надминеме сите потешкотии, порача Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во својата велигденска честитка до христијанските вернции и до поглаварите на МПЦ-ОА г.г. Стефан, на католичката Киро Стојанов и евенгелско-методистичката црква во Македонија, Емил Заев..
-За време на велигденскиот пост ни се случи досега незапаметена трагенија во современата историја на нашата татковина. Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам сплотени и солидарни да ги надминеме искушенијата. Да покажеме дека од несреќата и неволјата можеме да излеземе помудри, подобри и похумани. Да правиме добри дела и да им помагаме на сите кои имаат потреба од помош и поддршка–напиша – Претседателката Давкова.
Сиљановска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерите Николоски и Тошковски, Велигден го дочекаа во црквата св. Богородица Перивлепта во Охрид.. Мицкоски беше заедно со своето семејство, а во честитката до г.г Стефан испрати пораки со желба Воскресението да донесе радост и благослов до срцата и домовите.
-Воскресението на нашиот Спасител е вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината. Нека оваа Пасха донесе духовна радост, мир и благослов во секое македонско семејство. Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество. –се наведува во честитката од -Премиерот Мицкоски.
Честитки до христијаните и поглаварите на црквите испрати и претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
-Велигден е празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците.Симболиката на Велигден кој ја слави победата на животот над смртта, носи силна порака за важноста на меѓусебното почитување и грижа. Токму овие вредности се основата за создавање на подобро општество за сите, преку добри дела и посветеност. – стои меѓудругото во честитката на Филипче..
Велигден е можност повторно да се потсетиме дека заедничките вредности како што се меѓусебното почитување, солидарноста и човечката добрина се суштински за напредокот на секое општество, порача во честиката претседателот на Собранието Африм Гаши, а честитки до верниците за празникот упатија и партиите..