Сијарто: Со преземањето на претседателската функција од страна на Трамп, се појави нов светски политички поредок

74

Европската унија се уште е „слепа“ за новиот светски политички поредок што се појави со инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска во Брисел унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто, на прес-конференција по состанокот на Европскиот совет за надворешни работи, рече дека Трамп се залага за мир, традиционални семејни вредности и е против илегалната миграција, соопшти унгарското Министерство за надворешни работи.

„Европските лидери погрешно ја разбираат природата на соработката со Вашингтон… Некои зборуваат како Европската унија да е водечка светска сила, иако блокот изгуби голем дел од својата сила, конкурентност, влијание врз светската политика и светската економија во секој поглед “, рече Сијарто, пренесе МТИ.

Тој оцени дека ЕУ не е способна да ја најде вистинската политика за справување со САД.

„Првите извршни наредби на Трамп се целосно конзистентни со политиката на унгарската влада во последните 14 до 15 години и, можеби најважно, Доналд Трамп исто така сака мир“, нагласи Сијарто, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека на денешниот состанок на Европскиот совет за надворешни работи се разговарало за фактот дека Украина добила повеќе помош од ЕУ отколку од САД. Тој изјави дека „либералните лидери на ЕУ сакаат војна на долг рок“, што може да ги искомплицира мировните напори на Трамп.

ИЗДВОЕНИ