Сијарто: Само Трамп може да го врати мирот во светот

59

Доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп добие нов мандат во Белата куќа во ноември, постојат големи шанси тој да воспостави мир во светот, вклучително и во Европа, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој посочи дека меѓу новите случувања во американската изборна трка најважно е што Трамп е „светилник на надеж за мир во светот“, пренесува МТИ.

Во изјавата на министерството, Сијарто оцени дека војната на руско-украинскиот фронт е „сè побрутална“ и дека само надворешен актер може да ги доведе завојуваните страни на преговарачка маса, давајќи им до знаење дека „не може да се најде решение на бојното поле.