Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто изјави дека крајот на конфликтот во Украина изгледа поблиску од кога и да е, иако опасноста од ескалација е досега најголема бидејќи „американската администрација во заминување се обидува да го направи невозможно посредувањето за мир по 20 јануари. ”
„Не останува ништо друго освен да се надеваме дека ништо нема да се случи во Украина до 20 јануари што неотповикливо ќе ја промени ситуацијата и ќе го направи мировното посредување многу потешко отколку што изгледа сега“, рече Сијарто за време на посетата на Вашингтон, каде што се сретна со претставник на Претставничкиот дом Мајк Волц, републиканец од Флорида, јави денеска МТА.
Сијарто го поздрави назначувањето на Волц за советник за национална безбедност во новата администрација на Трамп, како и функцијата на член на унгарско-американската група, велејќи дека „пријателските разговори“ ги допреле геополитичките прашања, вклучително и војната во Украина.