Семејството на Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1, повторно е во центарот на вниманието на светската јавност. Сè уште има многу непознати по несреќата при скијање на познатиот Шуми во 2013 година. Во последната година, помладиот брат, Ралф, стана главна тема во светските медиуми.
Ралф Шумахер (49) никогаш не успеа да излезе од сенката на својот постар и поуспешен брат, Михаел. Меѓутоа, минатата година, кога објави дека се развел од својата атрактивна сопруга, Кора, а веднаш потоа и дека е геј, Ралф стана главна вест во светот. Постојано се пишуваше за неговата сексуална ориентација, едни го нападнаа, други го бранеа, но постојано беше дел од медиумскиот простор.
Неговата поранешна сопруга, Кора Шумахер (48), неодамна изјави дека си ја запалила венчаницата откако објави нејзиниот поранешен сопруг дека е геј. Разводот ѝ остави белег на убавата Германка. Тие беа во брак 14 години, од 2001 до 2015 година. Причините за тоа зошто се разделија не беа познати до летото 2024 година.
Семејството Шумахер ги поддржа Ралф и неговата одлука јавно да објави дека е геј. Тој откри дека ужива во животот и дека никогаш не бил посреќен, бидејќи покрај него е Етјен Буске-Касањ, француски бизнисмен.
По јавната објава на Ралф, Кора Шумахер откри дека е целосно изненадена од веста дека нејзиниот поранешен сопруг е во врска со француски бизнисмен. Како што рече, веста отворила само стари рани. Токму затоа решила да ја запали венчаницата. Во една германска ТВ-емисија, таа призна дека навистина задржала остатоци од фустанот, но не знае зошто.
- Ова се само остатоци од венчаницата. Не знам ни зошто ги чувам – призна Кора.
Кора Шумахер признала дека во моментот кога објави Ралф дека е хомосексуалец, била тажна и дека ѝ била потребна терапија. Истакна дека научила многу по изненадувачката порака.
- Меѓу другото, преку терапија научив дека разочарувањето е поврзано со лажните очекувања. Денес се трудам да ѝ пристапам поинаку на секоја ситуација или личност, со помалку предрасуди. Наместо да се повлечам од непријатните ситуации, сега споделувам искуства со оние што биле добри со мене. Тоа е вистинско патување преку кое учиш да го оставиш минатото и да гледаш напред – порача Кора.
Од бракот, Кора и Ралф го имаат синот Дејвид Шумахер (23), кој се занимава со автомобилски трки.