Денешниот израелски напад во кој загинаа повеќе од 400 луѓе, а неколку стотици беа ранети, е најсмртоносниот во Газа од ноември 2023 година, објави Си-Ен-Ен.
Франција, Велика Британија, Русија и Кина ги осудија израелските напади врз Газа.
Портпаролот на палестинскиот џихад, Абу Хамза, исто така е убиен во нападот, кој се случи иако беше на сила прекинот на огнот, јавуваат палестинските медиуми.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека очекува бројот на жртвите да се зголеми поради големиот број жртви под урнатините.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди нови напади врз енклавата откако Хамас ги отфрли израелските барања за промена на договорот за прекин на огнот.
Израелските власти соопштија дека се очекува операцијата да се прошири, додека Белата куќа изрази поддршка за акциите на Израел.