Покренати се голем број движења за бојкот на американските производи како одговор на промените во американската политика, особено во врска со руската агресија против Украина и наметнувањето царини за европските производи. Активистите кои се залагаат за бојкот веруваат дека тоа ќе изврши притисок врз американската администрација.
Вакви движења се појавија и во Шведска, каде беа организирани преку социјалната мрежа Фејсбук. На оваа платформа се основани групите „Boykot varer fra USA“ која има 67.000 членови и „Bojkotta varor från USA“ со повеќе од 70.000 корисници.
Швеѓаните повикуваат на бојкот на производите и услугите на најпознатите американски брендови, како Мекдоналдс, Кока-Кола, Најк, Левис, Нетфликс, Гугл и Ербнб.
Јаник Кохинур, основач на групата „Boykotta varor från USA“, објасни дека тоа го направила затоа што не можела директно да влијае на американските избори или да протестира на американските улици, па сметала дека тоа е нејзиниот начин да направи разлика.
На нејзината страница корисниците споделуваат препораки за алтернативи на американските производи, но некои од нив сметаат дека бојкотот е многу тежок.
-Тешко е бидејќи се е под влијание на Америка. Би требало да се бојкотира речиси сè – напишал еден член на групата.
Друг член призна дека ја разбира иницијативата, но нагласи дека е тешко да се убедат луѓето да не купуваат американски производи, бидејќи многумина при купувањето не размислуваат за потеклото на производите.
Kohinoor, сепак, беше критикуван за основањето на групата на социјалната мрежа во сопственост на американскиот технолошки гигант Мета. Сепак, таа истакна дека во моментов нема подобра алтернатива, и дека луѓето ќе мора да се прилагодат кога ќе се појават нови алтернативи, пренесува Klix.ba.