Шведската полиција идентификуваше седум жени и тројца мажи убиени во пукањето во Оребро, најлошото масовно убиство во шведската историја.
Вооружениот напад се случи во вторникот среде бел ден во едукативен центар за возрасни постари од 20 години во Оребро, 200 километри западно од Стокхолм. Загинаа 10 лица, а напаѓачот се самоуби.
Жртвите, на возраст меѓу 28 и 68 години, се сите жители на округот Оребро, соопшти полицијата на нивната веб-страница.
Не беа дадени информации за нивната националност.
Вчера, полицискиот претставник задолжен за истрагата, Ана Бергквист, за агенцијата Франс прес изјави дека жртвите биле „од неколку националности, различен пол и возраст“.
Сириската амбасада во Стокхолм соопшти дека изразува сочувство до двете сириски семејства, без да даде дополнителни детали. ;
Една жена од Босна и Херцеговина, исто така, е убиена, а маж од таа земја е ранет, соопшти босанското Министерство за надворешни работи, кое соопшти дека се потпира на информации од семејствата кои живеат во Оребро.
Полицијата сè уште не го објави името на осомничениот кој исто така загина за време на нападот, но шведските медиуми го идентификуваа како Рикард Андерсон, 35-годишен маж опишан како повлечен човек со психолошки проблеми. Три дена по трагедијата се уште не е познат мотивот.
Шведската влада најави дека планира да ги заостри законите за оружје по најлошото масовно пукање во историјата на земјата, јавува Би-Би-Си.