Шведската централно-десничарска коалиција, поддржана од екстремно десничарските Шведски демократи, има идеја целосно да го забрани питачењето или, како што велат критичарите, да ја „легализира сиромаштијата“. Сепак, организациите за човекови права велат дека таквиот предлог не би бил легален.
Шведските десничари за питачењето ги обвинуваат првенствено, луѓето кои доаѓаат од други земји на ЕУ „да просат пред нашите продавници“.
А, Шведска не може да дејствува како „европска совест“. Забраната за питачење, сметаат критичарите, би била спротивна на правото на приватен живот и слободата на изразување како што е предвидено во Европската конвенција за човекови права, која е содржана и во шведскиот устав.