Кевин Пантер, по сè изгледа ќе ја напушти Барселона по само една сезона. Можеби почна добро, но продолжи многу лошо и каталонскиот клуб веќе некое време е во сериозен пад. Во Евролигата се на прагот да се пласираат во плејофот, секако далеку под очекувањата, а неодамна дојде нова шлаканица во реалноста со поразот во четвртфиналето на Купот на кралот.
Затоа, „Мундо Депортиво“ пренесува дека пред следната сезона ќе биде направен уште поголем „рез“, а дел од него ќе биде и Кевин Пантер. Неговиот договор истекува во јуни и, според угледниот медиум, нема да биде продолжен, па одличниот шутер ќе стане слободен агент на пазарот.
Причината секако е неговата висока плата која во Партизан изнесуваше околу 2.000.000 евра, кој претходното лето целосно го презеде Барселона.