Актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, не планира да потпише нов договор со искусниот италијански голман, Џиџи Донарума. Поранешниот голман на Милан има договор со „светците“ до 2026 година, а тоа значи дека ќе биде продаден на крајот од актуелната сезона. Најголем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Наполи и на Интер.