Работниците на велешка „Колска“ ја добија декемвриската плата и штрајкот го ставија во мирување, односно, блокирањето на железничкиот сообраќај на Железничка станица Велес најавен минатата недела, за денеска, нема да се реализира. Претседателот на синдикалната организација на ССМ, Тони Арсовски се надева дека ќе има поместување на работите во нивна корист.
Покрај исплата на платата, тие минатата недела на протестот пред капијата на фабриката за шински возила побараат исплата на здравствено осигурување и К-15 за минатата и за 2023 година. За нивните барања добија поддршка Сојузот на синдикатите на Македонија.