Вработените во Државното правобранителство од вчера почнаа со штрајк кој ќе трае сè до исполнување на нивните барања. Од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани се надеваат дека брзо ќе се постигне договор за да се избегне застој во работата на инфраструктурните проекти, меѓу кои се оние од „Бехтел и Енка“, со оглед дека постапките за експропријација се водат во правобранителството.
Одлуката за штрајк на вработените во повеќе државни институции и министерства доаѓа откако финансии не им одобри 30 отсто додаток на плата, односно не даде зелено светло за нивните колективни договори без кои тие не можат да го добијат додаток.
-Почна штрајкот во Државното правобранителство, а од наредната недела на протест ќе излезат и вработените во неколку министерства. Барањата на вработените во Државното правобранителство се исплата на 30 отсто додаток на плата, одобрување на Колективниот договор за вработените и носење на Закон за државна правобранителска служба. Штрајкот на Правобранителство ќе трае се до исполнување на барањата на вработените, изјави за весникот ВЕЧЕР, Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ.
Одлуката за штрајк на вработените во повеќе државни институции и министерства доаѓа откако финансии не им одобри 30 отсто додаток на плата, односно им даде зелено светло за нивните колективни договори без кои тие не можат да го добијат додаток.
Од УПОЗ се на ставот дека вработените во овие министерства се дискриминирани во однос на оние од Службата за општи и заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, дел од здравство, образование и од финансии чии колективни договори се одобрени и им е овозможена исплата на овој додаток.
(А.С.)