Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ги шокираше сите во светот со спектакуларниот трансфер, откако неочекувано беше разменет од Далас во Лос Анџелес лејкерс.
На многумина сè уште не им е јасно зошто се согласи клубот од Тексас за ваква размена. И не само што се договорија туку и инсистираа на размена, во која го добија Ентони Дејвис. Со денови слушаме дека причина за тоа е неговата тежина, како и други пороци.
Меѓутоа, Лука Дончиќ уште во своето деби за Лејкерс покажа дека, иако има проблеми со вишокот килограми што никој не може ни да го забележи во текот на натпреварот, е еден од најдобрите во светот. Впрочем, ваквите остри зборови може само да го мотивираат, но и да ги „збеснат“ навивачите на Далас, кои се крајно гневни на потегот на сопственикот и генерален менаџер, Ник Харисон. И не само тие, дури и најголемата легенда на клубот, Дирк Новицки, застана на страната на Дончиќ.
На дебито на Дончиќ за Лејкерс, поранешниот соиграч Дирк Новицки беше на трибините за да му даде поддршка. Иако многумина очекуваа тој да биде барем неутрален кога е оваа тема во прашање, бидејќи и по завршувањето на својата играчка кариера работеше во Далас. Сепак, Новицки испрати јасна порака што мисли навистина за разменувањето на Лука Дончиќ.
- Тој ми е ментор, патуваше од Далас и навистина го ценам тоа – изјави Дончиќ за доаѓањето на Германецот на мечот во Лос Анџелес.
Новицки остана во Далас дури и кога имаше понуди од други клубови. На крајот го исполни својот сон да ја освои шампионската титула (во 2012 година) и ја продолжи кариерата за да му стане ментор на Дончиќ.