Што се случува со Барак и Мишел Обама? Се вртат приказни за афера со Џенифер Анистон

767
photo instagram

Мишел Обама неодамна се појави во шоуто на нејзината пријателка, актерка и пејачка Џенифер Хадсон, каде сподели неколку детали за нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Барак Обама.

Иако разговорот беше срдечен, Мишел одговори на прашањата за Барак прилично кратко: „Добар е, добро е. Тој сè уште работи премногу, но мислам дека тоа секогаш ќе биде дел од него“. Таа исто така откри дека Барак моментално е посветен на проектот за претседателскиот центар на Обама – музеј и библиотека во Чикаго – и дека е тешко да се најдат соодветни божиќни подароци за него.

Што се однесува до семејните планови за празниците, Мишел рече дека ќе ги поминат на Хаваи, уживајќи во сонцето и релаксација. “Затоа треба внимателно да го избирате сопругот. Тој стана уште посимпатичен кога дознав дека е од Хаваи”, се пошегува поранешната американска прва дама.

Сепак, отсуството на Мишел од неколку државни настани предизвика приказни што траат со недели. Таа не се врати од одморот за да присуствува на државниот погреб на поранешниот претседател Џими Картер, а потврдено е и дека нема да биде на инаугурацијата на Доналд Трамп.

Традиционално, поранешните претседатели и нивните сопруги присуствуваат на инаугурациите без оглед на политичките разлики, но извор близок до претседателот објасни за магазинот People: „Мишел не ги прави работите само затоа што тоа се очекува или затоа што е дел од протоколот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Obama (@michelleobama)

Мишел и Барак неодамна ја одбележаа 32-годишнината од бракот со објави на социјалните мрежи. Барак напиша: „Не можев да замислам подобар животен партнер“, додека Мишел додаде: „32 години акција со мојот сакан! Ти благодарам што секогаш ми го чуваш грбот и што знаеш да ме насмееш“.

И покрај ова, повремено се појавуваат гласини за брачни проблеми. И тие често се прилично бизарни. Така во октомври минатата година актерката Џенифер Анистон мораше јавно да ја демантира приказната дека е во врска со Барак. “Тоа е апсолутна лага. Го запознав еднаш, ја познавам Мишел подобро од него”, изјавила тогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Во 2022 година, Мишел отворено призна дека во текот на една деценија, додека нејзините ќерки биле млади, имало периоди кога не можела да го поднесе својот сопруг. „Луѓето мислат дека сум злобна кога го кажувам тоа, но имав навистина тешко време во мојот брак околу десет години“, рече таа.

Барак ги спомна и предизвиците во нивниот брак, велејќи во интервју во 2023 година дека тоа им помогнало тоа што не биле повеќе во Белата куќа и да имаат повеќе време еден за друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Obama (@michelleobama)

ИЗДВОЕНИ