Што се случува? Авион по авион принудно слетуваат

237

Два Боинг 777 на холандската авиокомпанија KLM во неделата вечерта беа принудени да се вратат на аеродромот Шипхол во Амстердам поради технички проблеми.

Во соопштението за печатот на KLM се наведува дека двата авиони слетале безбедно и дека нема повредени патници или членови на екипажот. Боингот 777, кој полета од Шипхол кон Бали во неделата, со планирано слетување во Сингапур, имаше технички проблем додека беше над Германија, по што беше донесена одлука да се врати во Амстердам, соопшти KLM.

Компанијата посочува дека претходно во неделата на летот за Шангај од Шипхол дошло до проблем со системот за вода за пиење за време на летот над Азербејџан, по што авионот се вратил во Амстердам, објави „NL Times“.

Претходно, авион Боинг 737 КЛМ во саботата принудно слета во Норвешка откако за време на летот се случи проблем со моторот, а нема повредени.

Норвешката полиција соопшти дека Боингот 737, кој летал од Осло за Амстердам, принудно слетал во јужна Норвешка по технички проблем што се случил веднаш по полетувањето.

Локалните медиуми јавија дека пилотите забележале дека излегува чад од левиот мотор.

Поради тој инцидент, започна истрага за причините за откажувањето на авионот.

ИЗДВОЕНИ