Што се договорија Трамп и Путин?

719

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп изјави дека се согласил на 30-дневен прекин на огнот врз енергетската инфраструктура на Украина и „веднаш“ наредил негово спроведување, објави Кремљ.

Путин „реагира позитивно“ на иницијативата на американскиот претседател и „веднаш издаде соодветна наредба до руската армија“, се вели во соопштението.

Рускиот претседател побара од Трамп да ја запре помошта од Западот за Украина.

„Руската страна истакна голем број клучни точки поврзани со ефективната контрола на евентуалниот прекин на огнот долж целата линија на контакт, потребата да се прекине присилната мобилизација во Украина и повторното вооружување на украинските вооружени сили“, се вели во соопштението.

Кремљ додаде дека Путин изразил подготвеност да работи со САД на „можните начини за решавање“ на конфликтот во Украина.

„Рускиот претседател рече дека е подготвен да работи со своите американски партнери на детално испитување на можните начини за постигнување решение, кое треба да биде сеопфатно, стабилно и трајно“, се вели во соопштението, опишувајќи го разговорот како „детален и искрен“.

Белата куќа претходно објави дека разговорот започнал во 10 часот по Вашингтон (14 часот по Гринич).

На платформата X, Ден Скавино, близок советник на американскиот претседател, претходно објави дека разговорот „тече добро“.

ИЗДВОЕНИ