Август месец оваа година по се изгледа ќе ни биде потопол за 1 до 2 степени, што значи повторно ќе имаме натпросечно високи температури, а сигурно е тоа дека ќе имаме уште еден поголем топол Африкански бран, колку би траел тоа не може да се прогнозира, но треба да очекуваме уште еден поголем топол бран од Африка на територијата на Македонија, како и во регионот, пишува метео прогнозерот Славчо Попоски на својот профил на фејсбук.

Што се однесува до врнежите, тие би биле потпросечни, односно месецот август ќе биде релативно посув, вели Попоски.

Дека август ќе биде натпросечно топло прогнозира и српскиот метеоролог Иван Ристиќ.

„На почетокот на август има услови за краткотрајни врнежи од дожд со грмежи, а од 5 август нов топлотен бран ќе го зајакне африканскиот антициклон кој ќе зафати поголем дел од Европа“, вели Ристиќ.

-Температурите кон средината на август во регионот повторно ќе бидат блиску до 40 степени“, предупредува Ристиќ.

 

ДО КРАЈОТ НА ЛЕТОТО ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА ЛАДНАТА „ЛА НИЊА“: Метеоролозите најавуваат поснежна зима на Балканот