За време на неговото инаугуративно обраќање, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да се осврне на она што тој го смета за најитните национални прашања и да предложи решенија.
Како што дознава „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извадоци од неговото обраќање, Трамп, особено, има намера да повика на „револуција на здравиот разум“.
Изданието потсетува на плановите на идниот претседател во врска со даноците, борбата против масовната миграција и намалувањето на владата.
– Се враќам на претседателската функција со увереност и оптимизам дека сме на почеток на нова ера на национални успеси. Промените ја зафаќаат земјата – го цитира американскиот весник Трамп.
Инаугурацијата на Доналд Трамп ќе се одржи на 20-ти јануари напладне. Со температурите кои се очекуваат да паднат до минус 11 Целзиусови степени во Вашингтон, Трамп и новоизбраниот потпретседател Џејмс Дејвид Венс ќе положат заклетва не пред зградата на Капитол, како што беше претходно планирано, туку во централната сала, Ротонда, каде не можат да се сместат повеќе од 1.000 луѓе.
Во Вашингтон пред церемонијата се засилени безбедносните мерки.
Голем дел од центарот на градот, покрај Белата куќа и Конгресот, е затворен за сообраќај. Капитол Хил е ограден, а на пошироката јавност не е дозволен влез неколку дена.