Австрискиот град Салцбург го загуби ексклузивното право да ги произведува познатите чоколадни топчиња „Моцарткугел“ (Mozartkugel), откако фабриката што ги прави – банкротираше.
Фабриката, којашто произведуваше 57 милиони чоколатца годишно, прогласи банкрот и беше затворена на крајот од минатата година, делумно поради поскапувањето на какаото, пишува британски „Гардијан“.
Лиценцата за производство на Mozartkugels веќе неколку години ја има американскиот конгломерат Mondelez, кој сега ќе бара нова локација за производство на оваа популарна слатка. Одлуката се уште не е донесена, но локалните медиуми јавуваат дека најверојатно ќе биде во Чешка, каде што трошоците за производство се помали.