Што го вознемири толку Роберт Јанков од телевизија „Канал 5“? Стресни моменти за познатиот водител и ТВ-новинар

71

Долгогодишниот уредник, но и водител и ТВ-новинар на Утринската програма (која е воедно и медиумски партнер на весникот ВЕЧЕР) на телевизија „Канал 5“, атрактивниот и комуникативен Роберт Јанков, пред некој ден едвај преживаа.             Не дај Боже, далеку да е, не се работи за некоја здравствена мака, ниту за нешто друго слично.  Сепак, беше премногу стресно за неговиот организам. Се виде тоа и “од авион“.  Во приватниот живот, сите го знаат Роберт како добра душа, вљубеник во кучињата. Тој има миленик дома, кој е рамноправен член на семејството.                                                Во скопската населба Кисела Вода, во реонот околу Расадник, му се загуби кучето, што беше доволна причина за голема тревога. Загрижениот Роберт објави на социјалните мрежи фотографија од миленикот, со надеж дека ќе го најдат. Кутрото женско куче заминало во непознат правец. Кој знае, можеби, по момче? Сè е можно. Се нижеа огромен број грижливи коментари, со цел да му помогнат на тажниот Јанков.                                                                                   

И навистина, по кусо време, оние што се вклучија во потрагата напишаа среќна вест, дека е најдена четириножната миленичка Мајли. И ете така….Не се симнуваше насмевката од лицето на Роберт, кој, по некое време, си дојде на себе, со што му помина и вознемиреноста.     Д. М.

 

ИЗДВОЕНИ