Администрацијата на претседателот во заминување Џо Бајден ја овласти Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS за да напаѓа длабоко во руска територија, а потоа и Франција и Велика Британија го следеа примерот, дозволувајќи употреба на ракети SCALP/Storm Shadow.
Оваа одлука на Бајден претставува голема промена во американската политика, а изворите велат дека одлуката ги поделила неговите советници, особено во светло на изјавите на Доналд Трамп за неговата намера да стави крај на војната во Украина. Дозволувањето на Украинците да користат ракети со долг дострел, познати како Армиски тактички ракетни системи (Army Tactical Missile Systems-ATACMS), дојде како одговор на ненадејната одлука на Русија да ги воведе севернокорејските трупи во борбата, рекоа официјални лица.
ATACMS, што значи Армиски тактички ракетен систем произведен од американската компанија Локхид Мартин, ќе им овозможи на украинските сили да навлезат подлабоко во територијата што ја контролира Русија. Системот, исто така, ќе им овозможи на украинските сили да гаѓаат површински цели од побезбедно растојание, наместо да одат до линијата на фронтот за да погодат подалечни цели.
Станува збор за систем на суперсонични тактички балистички ракети, кои се долги околу 4 метри имаат дострел од речиси 300 километри и се истрелуваат од подвижни носачи, специјализирани возила. Ракети носат експлозивно полнење кое зависи од тоа за која варијанта станува збор, но се претпоставува дека е тоа околу 200 килограми. Она што ги прави овие проектили толку опасни е и нивната брзина од 3 маха, или 3 пати побрзо од звукот.
ATACMS може да се користи во високоподвижните артилериски ракетни системи (HIMARS) кои веќе се во украинскиот арсенал.
❗️❗️BREAKING:
NYT: Biden approves Ukraine’s use of US long-range missiles against Russia
President Biden authorized Ukrainian forces to deploy ATACMS tactical missile systems.
The decision follows reports of North Korean troops joining Russian combat operations. pic.twitter.com/mmSyChFMpB
— NEXTA (@nexta_tv) November 17, 2024
Овие ракети тешко се пресретнуваат поради големата брзина. САД го испратија ова оружје како дел од пакетот за поддршка, а веќе е употребено за гаѓање на руски цели на Крим, јавува Би-Би-Си.
Тие ѝ дозволуваат на Украина да удри подлабоко во областите под контрола на Русија, гаѓајќи ги базите, магацините и логистичките центри.
Кремљ претходно соопшти дека ова оружје „нема суштински да го промени исходот“ на војната, но Путин ги предупреди САД да не го користат на руска територија.
Пентагон одби да ги коментира за ТАСС информациите за укинување на ограничувањата за употреба на американско оружје за удари длабоко во Руската Федерација. Белата куќа и Стејт департментот допрва треба да одговорат на барањето на руската агенција за коментар.
На 20 јануари 2025 година, Бајден ќе му ги пренесе овластувањата на шефот на државата на Доналд Трамп.