До почеток на летото Штип ќе добие мега парк-на површина од 70 илјади квадратни метри. Паркот „Иднина“ почна да се гради новата зона за домување на штипскиот булевар „Партизанска“, покрај користото на реката Брегалница и е предвидено да има доста зелена површина, мини езерце и други парковски содржини.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, очекува со ваква зелена оаза градот да го промени својот изглед. Изградбата планирано е да трае 4 месеци и ќе чини околу 100 милиони денари.

– Верувам дека по изградбата на овој парк проектот ќе добива вредност, како ќе минува времето, затоа што целата вегетација која е предвидена и зеленилото кое е предвидено со тек на време ќе додаде вредност и на паркот и на се она кое наоколу ќе се создава, а ќе се гради многу. Имајќи предвид дека е во близина на булеварот „Партизанска“ и на новата зона за домување, перспективно во наредните години ова ќе биде еден од најубавите делови од нашиот град – додаде Јорданов.

Бунарскиот систем, кој се наоѓа во непосредна близина на паркот, ќе биде заштитен како резервна варијантна за водоснабдување на Штип.

Инаку, оваа година, Штип ќе добие над еден хектар уредени зелени површини. Покрај мега паркот, ќе се подига нов парк во населбата Осми Ноември, парк ќе никне и кај бањата Кежовица, како и парковска површина во близина на зградата на Противпожарната единица

– Зелените површини значат поквалитетен воздух, подобро урбано живеење и место за одмор и рекреација. Продолжуваме да инвестираме во здрав и модерен Штип – истакна Јорданов.

ИЗДВОЕНИ