Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска го блокираше предлогот за испраќање дополнителен пакет помош за Украина, во форма на оружје кое се проценува на три милијарди евра, објави денеска Der Spiegel.
Планот, наводно, бил претставен од страна на министерката за надворешни работи Аналена Бербок и министерот за одбрана Борис Писториус како „сигнал за непоколебливата поддршка на Германија“ за Украина.
Целта беше да и се обезбедат на Украина клучни системи за оружје, вклучително и три дополнителни батерии за воздушна одбрана Ирис-Т, ракети Патриот, 10 хаубици и повеќе артилериска муниција.
Според пишувањата на медиумите, министрите би сакале да обезбедат нова помош пред изборите во Бундестагот закажани за 23 февруари.