Шпанската фудбалска лига следната сезона ќе има пет претставници во Лигата на шампионите, според резултатите на клубовите во сите три европски натпреварувања оваа сезона.
Две лиги добиваат дополнително место во Лигата на шампионите според учинокот на клубовите, а откако на 8 април беше објавено дека тоа ќе биде англиската Премиер лига, по пласманот на Бетис во полуфиналето на Конференциската лига и истиот успех што го постигна Атлетик Билбао, но и во Европската лига, се потврди дека Примера ќе има и пет претставници, пренесува Хина.
Им помогна и тоа што Лацио беше елиминиран во четврт-финалето на Европската лига, во двомеч против Бодо/Глимт.
Досега четирите најдобри екипи во првенствата се пласираа директно, но во Англија и Шпанија во најелитното европско натпреварување следната сезона ќе влезат и петтопласираните.
Минатата сезона Италија и Германија добија по едно дополнително место, па Болоња и Борусија Дортмунд како петтопласирани влегоа во Лигата на шампионите, кoja од оваа сезона се играат во нов формат со 36 клубови.