Наградите Греми и Оскар ќе се одржат според планираното и покрај пожарите во Лос Анџелес, најавија организаторите.
Греми се закажани за 2 февруари, а Оскарите еден месец подоцна.
Некои ѕвезди ги повикаа организаторите да ја откажат церемонијата на доделување награди или целосно да се фокусираат на добротворни активности.
Гледањето на добро платените ѕвезди како излегуваат на сцената за да собираат награди додека илјадници семејства од Лос Анџелес се раселени и ги изгубиле своите домови може да биде меч со две острици.
Сепак, нема одложувања или откажувања.
„Во тешки времиња, музиката има моќ да лечи, утеши и обединува како ништо друго“, велат организаторите на Греми, ветувајќи донации за оние на кои им е потребна.
Гласањето за Оскарите е продолжено до 17 јануари, а објавувањето на номинациите е одложено за 23 јануари и ќе биде виртуелно.