Шолц порача дека гласачите одлучија што ќе работи по истекот на неговиот мандат како канцерар, бидејќи, како што рече, повторно го избраа за директен претставник, пренесе „Цајт“.
Тој доби најголема поддршка за претставник во Бундестагот во изборната единица Потсдам, каде што освои 21.8 отсто од гласовите, додека на второ место беше кандидатката на Демохристијанската унија Табеа Гутшмит со освоени 20.6 отсто од гласовите.
„Ова е нешто посебно, дури и за мене. Секога сум трогнат и горд што сум избран за највисоката функција која директно се избира во Германија, односно за член на Бундестагот“, рече Шолц.
Тој додаде дека ќе продолжи да ја извршува канцелариската функција „до последниот ден’ и ја повтори поддршката на Германија за Украина, пренесува „24Седум“.