Шолц: Европа не смее да се откаже од помошта на САД во нуклеарното одвраќање

17

Европа не треба да се откаже од американската помош во нуклеарното одвраќање, изјави денеска во Брисел германскиот канцелар Олаф Шолц.

Зборувајќи за понудата на Франција за проширување на заштитата што нуклеарниот арсенал на земјата им ја нуди на европските партнери, Шолц рече дека „она што го имаме во однос на нуклеарното учество, мислам дека не треба да се откажеме од тоа“, пренесува Ројтерс.

САД претходно рекоа дека Европа мора да инвестира повеќе во одбраната, изјави во средата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека Европската унија ќе предложи да им се даде на земјите-членки повеќе фискален простор за инвестирање во одбраната.

ИЗДВОЕНИ