![World Economic Forum annual meeting in Davos](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/02/a2-1.jpg)
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека дискусиите за потенцијалното распоредување на германски војници како мировници во Украина се предвремени и несоодветни.
Како што изјави за германскиот весник РНД, пред се треба да се дојде до крајот на конфликтот и вистинските преговори, па дури потоа да се разговара за безбедносните гаранции за Украина.
„Мислам дека овие дискусии се несоодветни и предвремени бидејќи се претпоставува дека Украина нема да добие дел од своите територии од Русија“ рече Солц.
Според пишувањата на Телеграф во ноември, еден од мировните планови што го разгледува американскиот претседател Доналд Трамп, тој би можел да ги покани британските и европските војници да воспостават тампон зона на местото на сегашната линија на фронтот во Украина.
Шолц додаде дека, во секој случај, Украина ќе има војска која нема да може да ја плати само со сопствени финансиски средства, па тогаш ќе биде потребна помош од Германија и сите други пријатели на Украина.
Членот на германската партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Родерих Кизеветер минатиот месец изјави дека Берлин не треба да ја отфрли можноста за испраќање свои војници во Украина по завршувањето на војната, пишува весникот „Швабише цајтунг“.
Тој го рече ова бидејќи Велика Британија и Франција размислуваат да испратат свои сили за следење на евентуалниот прекин на огнот во Украина.