Шолц сака телефонски да разговара со Путин за првпат во последните две години

43

Германскиот канцелар Олаф Шолц сака да разговара по телефон со рускиот претседател Владимир Путин за прв пат по речиси две години, објави денеска германскиот весник „Цајт“, повикувајќи се на владини извори.

Телефонски повик пред состанокот на Г-20 во Бразил во ноември, наводно, се разгледува. Сепак, барањето за разговор се уште не е пристигнато од Берлин, пишува весникот.

Доколку успее тој разговор, Шолц ќе биде првиот шеф на влада од земјите кои најмногу ја поддржуваат Украина, кој ќе има директен контакт со Путин.