ШОКИРАНА ОД ОНА ШТО ЈА ДОЧЕКАЛО: Наместо соба со поглед на море добила само постер на ѕид

753
screenshot TikTok

Инфлуенсерката Клариса Мургија патувала низ Европа и решила да доплати за хотелска соба со поглед на море. Но, кога пристигнала, наместо спектакуларна глетка, ја дочекало нешто сосема друго.

Откако ја преместила завесата и излегла на балконот, открила дека се работи за измама бидејќи некој на ѕидот од соседната зграда залепил огромен плакат на кој е претставено море и едрилица.

„Никој никогаш не ме измамил вака“, напиша таа во коментарите под видеото кое собра 3,2 милиони прегледи и бројни коментари.

Во видеото со повеќе од три милиони прегледи што го објави на нејзиниот профил на TikTok, постерот изгледа реално од одреден агол, но штом се поместат завесите или таа излезе на балконот, погледот се менува во оштетен бел ѕид, прозорец со решетки и фотографија од море.

Виралното видео, кое покажува само уште една во низата измами, беше објавено откако туристите се пожалија на страницата минатиот месец, обвинувајќи ја платформата дека не знае како да се справи со измамниците, пишува Дејли мејл.