Грчките сеизмолози регистрирале околу 21.500 земјотреси во близина на грчкиот остров Санторини во последните три недели, објави Универзитетот во Атина.
Островот, каде што беше воведена вонредна состојба претходно овој месец, е во голема неизвесност откако започна серијата земјотреси. Многу жители побегнаа од островот на копното, а хотелиерите и другите во угостителската индустрија со нетрпение ја очекуваат сезоната на одмор што започнува во април.
Интензитетот на потресите е значително намален во изминатите неколку дена, па научниците се надеваат на постепено деескалација на сеизмичката активност.
Сепак, сеизмолозите не можат да ја исклучат можноста за голем земјотрес со јачина од шест или повеќе степени според Рихтеровата скала, јави агенцијата ДПА.
На состанокот на владиниот кризен совет во Санторини беше речено дека постои веројатност до 300 објекти на работ на кратерот Санторини да се урнат во случај на силен земјотрес.
Кратерот Санторини е формиран од вулканска ерупција пред околу 3.600 години, а на неговите стрмни рабови сега се наоѓаат куќи и хотели.