Шокантни детали за смртта на починатото девојче од БиХ, по стоматолошката интервенција

327
screenshot/Facebook

Босна и Херцеговина е во шок по ненадејната смрт на Џејла Д., 16-годишна девојка од Сараево. Џејла починала по компликации при стоматолошка интервенција, а како што пренесува порталот „Аваз“, девојчето се лекувало во приватна стоматолошка ординација.

И додека се чекаат резултатите од обдукцијата, по што точно ќе се утврди како и зошто починала несреќната девојка, локалната јавност е шокирана од однесувањето на лекарот. Имено, откако семејството на Џејла испратило повик до стоматолошката ординација, поточно до Х.М., стоматолог, следел шокантен одговор од другата страна. „Не ми удрирајте на егзистенцијата“, рекол наводно докторот Х.М.

Таткото на починатото девојче тврди дека неговата ќерка починала како последица на несоодветен стоматолошки третман. Според него, откако стоматологот и го поправил забот, и дал лекови и и препишал антибиотик, но нејзината здравствена состојба се искомплицирала набрзо по постапката.

Таткото во изјава зај Телеграф.рс рекол дека доколку на неговата ќерка и го изваделе забот би се спречиле компликациите.

„Да и го извадеа забот, ова немаше да се случи“ – рекол тој. Тој објасни дека стоматологот го затворил расипаниот заб и рекол дека ќе биде во ред, препишувајќи антибиотик. После тоа, го отворил забот и советувал ладни облоги, закажувајќи го следниот третман за девет дена.

Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево и Министерството за здравство на Сараевскиот кантон објавија детали околу трагичната смрт на 16-годишно девојче, кое почина по компликации по вадење заб, објавуваат медиумите.

Колективот на Клиничкиот центар изрази сочувство за загубата на младата пациентка, која била подложена на процедура во приватна клиника. Центарот најави дека ќе побара вештачење за да се утврдат околностите што довеле до нејзината смрт.

„За нас професионалците, колку и да сме подготвени, смртта е секогаш тешка, особено кога станува збор за млад живот. Поради тоа, раководството на КЦУС и Министерството за здравство на КС побараа внатрешен стручен надзор над лекувањето на пациентката за да се утврдат сите факти и текот на нејзиното лекување“, соопштија од Клиничкиот центар.

Првичните информации укажуваат дека по извршената интервенција во приватната ординација, здравствената состојба на девојката се влошила.

Недозволив инцидент во Сараево: Шестнаесетгодишно девојче почина по вадење заб во приватна клиника