Екипата на Далас го совлада Хјустон со 116:105, а мечот го одбележа дебито на Ентони Дејвис, кој неодамна пристигнаа во Мавс како замена за Лука Дончиќ.
Дејвис беше многу мотивиран да им покаже на навивачите на Далас какво засилување добиле. Искусниот центар доминираше од самиот старт на играта, а потоа дојде шок. На почетокот на третата четвртина Дејвис со болна гримаса на лицето се фати за бутниот мускул и падна на подот. Ја напушти играта и повеќе не се врати на теренот.
До тој момент имаше 26 поени, 16 скока и седум асистенции. Се уште не е познато колку е сериозна повредата, но веќе се шпекулира дека Дејвис би можел да отсуствува од четири до шест недели.
Anthony Davis went to the locker room with a non-contact injury pic.twitter.com/uq4671SOJG
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 8, 2025