Шок дури и за Американците: Ќе се изненадите од што е сочинето секојдневното мени на Доналд Трамп

319

Познато е дека Доналд Трамп може да се пофали со одлично здравје. Во една пригода рече дека претседателските кандидати имаат обврска да бидат здрави, а за резултатите од неговите тестови зборуваше во различни емисии. Откако повторно се актуелизираше темата, особено на сметка на портокаловата боја на кожата која е очигледна кај Трамп, сега многу луѓе се заинтересирани за исхраната на ново-стариот претседател на Соединетите Американски Држави. Тоа е прилично изненадувачки, пренесува Мондо.

Како прво, Доналд Трамп не бара многу кога е храната во прашање. За разлика од многу претседателски кандидати, кои секојдневно имаат лични готвачи и посебни менија, Трамп ужива во брзата храна, исто како и секој Американец. Сепак, тоа не го поништува фактот дека многумина се изненадени од неговата исхрана. Еве што јаде за еден ден:

Го прескокнува појадокот

Доналд Трамп во 2016 година му кажа на Џеси Волтерс од Фокс њуз дека го прескокнува појадокот секогаш кога може. Во повеќето случаи, ручекот му е прв оброк, а омилен оброк во денот му е вечерата. Сепак, понекогаш се решава да појадува, а тогаш најчесто избира јајца и сланина, житарки или Мекмафин од Мекдоналдс. Трамп никогаш не пие чај или кафе.

Месото е омилено јадење

Прехранбените навики на Доналд Трамп беа откриени во книгата Let Trump Be Trump, напишана од поранешниот менаџер на кампањата Кори Левандовски. Тој тврди дека претседателот често може да помине 14 до 16 часа без да јаде. Тој е голем љубител на месото, а тоа е познато од 2005 година, кога тој и Меланија се појавија како гости на Марта Стјуарт. Таму подготвија оброк, за кој Трамп рече дека му е омилен.

Ништо без брза храна

Доналд Трамп речиси секој ден јаде брза храна, вклучувајќи и оброци од Мекдоналдс, Бургер кинг и КФЦ. За вечера најчесто избира оброк од Мекдоналдс, а тогаш нарачува два Бигмека, два Филе-О – Фиш и мал чоколаден шејк. Пицата исто така е дел од неговата исхрана, но никогаш не ја јаде корката. Обожава хамбургери, за кои бара да бидат добро печени, а од прилозите зема кечап.

Кафе и чај не пие, ама затоа сака да се напие диетална кока-кола наутро. Наводно во Белата куќа за време на првиот мандат имал инсталирано копче за диетална кока-кола, која му ја носеле и до 12 пати дневно. Со неа, обожава да јаде грици, а најмногу чипс.
Инаку, Трамп наводно секој пат отвора ново пакување гриџци, дури и ако претходното пакување не е издеено. Тоа го прави поради големиот страв од бактерии.

 

ИЗДВОЕНИ