Боксерскиот спектакл меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол не ја оправда целосно довербата, бидејќи своевремено најдобриот тешкаш во светот не можеше во вистинска смисла на зборот да му парира на три децении помлад ривал.

Мајк се обидуваше, упати неколку цврсти удари, но на крајот беше поразен со одлука на судиите – 80-72, 79-73 и 79-73. Тогаш започна прославата на Џејк Пол, а централна фигура стана познатата холандска лизгачка Јута Лирдам.

Холандската репрезентативка во уметничко лизгање, трофејна во својот спорт, е во врска со поранешниот Јутјубер година и половина, борбата ја следеше од ложата, а потоа ги засени главните актери во рингот.

Додека Пол ја прославиваше најголемата победа во кариерата, таа влезе во рингот и ги засени сите присутни со фустан со долг шлиц и длабоко деколте и украде неколку бакнежи од победникот.

Јута Лирдам своевремено беше во врска со колега од репрезентацијата, кој ја изневери. Холанѓанката поради тоа го оставила, а за таа врска проговори и јавно.

“Тоа се случува веќе некое време. Особено е лошо кога во олимписката сезона чувствувате дека вашата врска е во неволја. Продолжи во текот на летото, а потоа конечно раскинавме. Бевме заедно 24 часа на ден, седум дена во неделата. Беше потребно многу да се навикнам и не беше лесно“, откри Лирдам.

Набргу потоа почна да се забавува со Џејк Пол, а покрај тоа што е заљубена и зафатена со својот атрактивен изглед, привлекува големо внимание.
Лирдам со години е еден од најбрзите лизгачи во светот, а освојувал медали на сите најголеми светски натпревари. Доминираше и индивидуално и како дел од холандската репрезентација, беше светска шампионка, освои и сребрен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година.

Тајсон, иако загуби и делумно беше понижен од јутјуберот кој се бори на вакви мечеви, сериозно ја наполни својата банкарска сметка со 20 милиони долари. Наспроти него, Џејк Пол како победник доби двојно повеќе (40 милиони долари).

 

 

 

ИЗДВОЕНИ