Во последното коло на „ шаховската Лига на Шампиони” екипата на Алкалоид извојува висока победа од 5-1 против „C’Chartres Eche” од Франција. Со овој резултат Алкалоид освои 12 меч бодови, еден помалку од екипата на „Novy Bor” од Чешка која што заслужено го подигна шампионскиот трофеј. Бронзениот медал и припадна на екипата „Vados“ од Романија.

Играчите на новиот Вицешампион одиграа одличен турнир, освојувајќи медали на своите табли. Еригсиси Арџун на првата и Ју Јангји на третата табла се закитија со златни медали. Аравиндтх Читамбарам освои бронза на четвртата, додека Инџиќ Александар освои сребро на шестата табла.

Ова е трет медал во клупската историја на Алкалоид на престижното натпреварување Европски Клупски Куп. Претходно во 2016 македонскиот шампион го освои златниот, а во 2017 првиот сребрен медал.