Шилегов распали по раководството на партијата: Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши!

53

Поранешниот пратеник, портпарол на СДСМ и екс градоначалник на Скопје, Петре Шилегов предизвика внимание со објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која остро го критикуваше сегашното раководство на СДСМ, посочувајќи го дуото Заев-Филипче. Според него, партијата е „заробена“ уште од 2019 година и управувана од „октроирани лидери“ со интереси кои не се поврзани со членството, туку со лични алијанси.

Ај да не се лажеме !!!
СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани “лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни.

Март е пролет !!! Пролет е СДСМ !!!!