Американската тенисерка Микаела Шифрин го освои првото место во слаломот во Сестриере, Италија, со време од 1:50.33 минути. Второто место го освои хрватската скијачка Зринка Љутиќ, додека трета на подиумот се искачи Паула Молтцан со заостанување од 64 стотинки.
Тоа беше 100. победа на Шифрин на Светскиот куп, оставајќи го зад себе легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк со 86 победи.
Шифрин, на крајот од ноември, доживеа сериозен пад на велеслаломот во Килингтон, па беше прашање дали воопшто ќе скија оваа сезона. Се врати и веднаш славеше во Сестриере, а потоа се расплака при изјавата по трката. Новинарката нагласи дека стигнала до 100. победа, по што таа, со солзи во очите, одговараше на прашањата.
- Ви благодарам! Сите беа толку добри и ми дадоа поддршка, сите мои колеги, противници, тренери и сите во Светскиот куп. Многу сум ви благодарна. Им благодарам и на навивачите – истакна Шифрин.