EPA-EFE/Kimmo Brandt

Микаела Шифрин славеше во првиот слалом од Светскиот куп во алпско скијање што се одржа во Леви, Финска. Славната Американка беше најбрза во првото возење, а во второто шестото време беше доволно за да се постигне убедлив триумф.

Таа на целта стигна за 1:47.20 минути, што беше дури 77 стотинки побрза од второпласираната Австријка Катарин Лиенсбергер, додека Германката Лена Дуер се искачи на најниското скалило на подиумот со 83 стотинки послабо време.

За Микаела ова беше 61 победа во слалом, вкупно 98. во Светскиот куп и ѝ недостигаат уште само две да стане прва во историјата во двете конкуренции што стигнала до број 100.

Ова беше нејзина осма победа во финскиот зимски центар, каде за секој триумф се подарува по еден млад ирвас, па сега и Шифрин може да стане асистентка на Дедо Мраз.