Шест работи за Џин Хекмaн што можеби не сте ги знаеле

1274

Легендарниот холивудски актер Џин Хекман е пронајден мртов во својот дом во Санта Фе, Ново Мексико, заедно со сопругата, пијанистката Бетси Аракава и нивното куче.

Иако повеќето го паметат по неговите легендарни изведби во филмовите The French Connection и Unforgiven, животот на Хекман беше полн со интересни приказни. Ви пренесуваме шест интересни факти за него кои можеби не сте ги знаеле.

Не завршил школа за глума

Додека го посетувал реномираното актерско училиште во Пасадена Плејхаус (Pasadena Playhouse), Хекмен и неговиот колега Дастин Хофман се сметаше дека имаат „најмалку шанси да успеат“. Откако ја напуштил програмата поради слаби оценки, се преселил во Њујорк за да го оствари својот сон. Работел на различни работи, вклучително и вратар на хотел во Хауард Џонсон на Тајмс Сквер. Еден ден, еден од неговите поранешни професори од Pasadena Playhouse, го препознал и со потсмев му рекол дека е во право и дека никогаш нема да успее.

Тој беше пријател со Дик Ван Дајк во средно училиште

Денвил, Илиноис можеби не изгледа како родно место на холивудските ѕвезди, но тамошното средно училиште беше дом на некои од најпознатите имиња во филмската индустрија. Меѓу нив се Џин Хекман и Дик Ван Дајк. Ван Дајк имаше своја стабилна група пријатели – Боб Вокер, Џери К. Рајт, Харолд Браун и Боб Хекман. Повремено, им се придружуваше и помладиот братучед на Боб, Џин, кој подоцна ќе стане една од најголемите актерски легенди.

Тој беше цимер со Дастин Хофман

Пред да станат познати, Хекман и Хофман беа само двајца млади актери кои се бореа да успеат во Њујорк. И двајцата ја напуштија Pasadena Playhouse и се обидоа да најдат улоги работејќи споредни работи за да ја платат киријата. Хекман работеше како продавач на сладолед, носач на мебел, па дури и ноќи поминуваше полирајќи кожни столчиња во зградата Крајслер – работа што подоцна ја нарече најлошата што некогаш ја имал. Иако беа блиски со години, тие првпат глумеа заедно во филмот Runaway Jury во 2003 година.

Филмот кој му го промени животот

Како и многу актери од неговата генерација, Хекмен беше длабоко инспириран од Марлон Брандо. Како млад, тој го гледал „Трамвајот наречен желба“ (1951) и бил целосно воодушевен од изведбата на Брандо. Најмногу го фасцинираше колку Брандо изгледаше вистински. Кога го напуштил киното, му рекол на својот татко дека сака да стане актер. Тој момент беше пресвртница што го одведе кон долга кариера во Холивуд.

Тој има омилена улога

Хекмен во текот на својата кариера толкуваше бројни незаборавни ликови, освои два Оскари и се здоби со глобално признание. Но, во текот на животот често истакнуваше дека омилена улога му била во филмот Плашило (Scarecrow – 1973), во кој глуми покрај Ал Пачино. Филмот не беше голем хит на кино благајните, но Хекман постојано велеше дека тоа е неговата омилена изведба во кариерата.

Тој престана да пуши

Хекмен некогаш бил пушач, но се откажал долго пред да ја преземе улогата на измамник кој постојано пуши во филмот Heartbreakers од 2001 година. Бидејќи повеќе не можел да поднесува вистински цигари, филмската екипа му обезбедила специјални цигари кои произведуваат густ чад без потреба од вдишување. Пушењето имало и трагична врска за Хекмен – неговата мајка Лидија починала во 1962 година од пожар предизвикан од запалена цигара, пишува Индекс.

ИЗДВОЕНИ