И покрај континуираниот раст на цените, интересот за купување недвижности не покажува знаци на слабеење кај нас, ниту во соседството, а ниту пак во Европа. Цените на становите кај нас, особено во Скопје, одамна го пробија плафонот од 3.000 евра за квадратен метар, во Белград со постигна цена од над 9.000 евра за квадрат, а Тирана пак, станува топ-дестинација за инвестиции во недвижности на европскиот континент и цената на станбениот квадрат забрзано чекори до 2.000 евра.
Професорот Абил Бауш вели дека интересот за купување станови во Македонија останува висок поради повеќе фактори, кои се дел од глобални, регионални и локални трендови. Според него, една од главните причини е структурната побарувачка на пазарот за недвижности. Дополнителен фактор што го подгреваат побарувањето, е зголемената куповна моќ кај дел од населението и влезот на странски инвеститори, особено од дијаспората, а во исто време монетарната политика и инфлацијата играат значајна улога во тоа
И покрај континуираниот раст на цените, интересот за купување недвижности не покажува знаци на слабеење кај нас, а ниту во соседството, а ниту пак во Европа. Цените на становите кај нас, особено во Скопје одамна го пробија плафонот од 3.000 евра за квадратен метар, во Белград постигна цена од над 9.000 евра за квадрат, а Тирана пак, станува топ-дестинација за инвестиции во недвижности на европскиот континент и цената на станбениот квадрат забрзано чекори до 2.000 евра.
И во земјите на Европската Унија не е ништо поразлично. Според податоците на Евростат, становите во Бугарија лани пораснале за 16,5 проценти, што е најголем раст од сите земји членки на ЕУ. Од 2010 година досега цените на становите во ЕУ се зголемиле за 54,1 насто, а вие бројки, според толкувањето на статистичарите на Евростат, ја истакнуваат континуираната побарувачка за недвижности и предизвиците со достапноста на домувањето во ЕУ.
Растот на цените на становите варира во зависност од локацијата
Цените на становите во Скопје бележат раст до 30 проценти во последните две години, со особено значително поскапување има во населбите Чаир и Бутел, кои традиционално имаа најевтин станбен квадрат. Растот на цените на становите варира во зависност од локацијата, но тоа веќе не е пресудно. На пример, во Чаир и Бутел, кои досега не беа толку атрактивни населби за живеење, стар стан од 60 квадрати, кој до пред три години чинел 40.000 евра, сега може да се продаде за 60.000 евра, што е разлика цели 20.000 евра. Или пак, становите во Џевахир кулите во Аеродром кои во 2020 година се продаваа по 850 евра за квадрат, сега, пет години подоцна достигнуваат и 1.800 евра за квадрат, што е речиси двојно поскапување. Да не зборуваме за понови станови, градени последниве две-три години во Центар, Тафталиџе или, пак, во Дебар Маало, каде што станбениот квадрат го помина прагот од 3.000 евра. Според „Имигрант Инвест“, во Скопје просечната цена на стан со три спални е околу 100.000 евра, а во центарот на градот истиот стан чини 190.000 евра.
Интересот за купување станови не е од понов датум, туку е постојан, а тоа го потврдуваат и статистичките податоци. Според Глобал проперти гајд, одмотувањето на ценовната спирала е почната уште од 2008 година, кога е забележан најголем скок на цените на недвижностите во Македонија од 24,95 проценти. Следната 2009 година се бележи намалување од 7,91 процент, по што во 2010 има повторно раст од 6,91 процент. Потоа следат четири години со пад на цените. Од 2015 до 2020 година има минимално зголемување од речиси 0 проценти во 2017 до 3,53 насто во 2019 година. Во 2020 година кога почнаа затворањата поради ковид-кризата, цените на недвижностите пораснаа за 1,77 проценти, за да во 2021 има скок од 11,22 проценти и огромен пораст во 2022 година од 20,74 проценти, со тенденција на намалување во 2023 година кога порастот беше 6,97 проценти.
– По растот на цените на куќите од 10,8% во 2007 година и 25% во 2008 година, македонскиот пазар на станови покажа неимпресивни перформанси откако, главно поради глобалната финансиска криза, проблемите со соседот Грција и нејзината продолжена политичка криза кои ја влошија ситуацијата. Пазарот на домување покажа значителни подобрувања неодамна, при што цените на куќите се зголемија силно за 11,25% во 2021 година и за уште 20,74% во 2022 година, поттикнати од силната побарувачка на имот и од локалните и од странските купувачи на станови. Растот на цената на куќите на национално ниво од 7% во текот на 2023 година останува стабилен во споредба со неговите слаби перформанси во претходните години – се посочува во анализата на Глобал проперти гајд.
Побарувачката ги билда цените
И податоците на Државниот завод за статистика на Македонија покажуваат дека и натаму се зголемува градежната активност на станови. Во текот на 2023 година, вкупниот број на станови за кои се издадени одобренија за градба во Македонија се зголеми за 12,3 проценти на годишно ниво на 7.865 единици. Ова следуваше по годишно намалување од 41,4 отсто во 2022 година и раст од 92,4 насто во 2021 година и 3,7 проценти во 2020 година.
Професорот Абил Бауш вели дека интересот за купување станови во Македонија останува висок поради повеќе фактори, кои се дел од глобални, регионални и локални трендови. Според него, една од главните причини е структурната побарувачка на пазарот за недвижности.
– Урбанизацијата и миграцијата од руралните кон урбаните средини создаваат постојана потреба за станбен простор, додека ограничената понуда на станови, особено во поголемите градови како Скопје, води до пораст на цените. Понатаму, ниските каматни стапки во последната деценија ги поттикнаа граѓаните да вложуваат во недвижности како безбедна инвестиција, особено во услови на економска несигурност и инфлација. Покрај тоа, намалената достапност на градежни парцели и растечките трошоци за градежни материјали придонесуваат за зголемување на цените – вели Бауш за весникот ВЕЧЕР.
Дополнителен фактор што го подгреваат побарувањето, е зголемената куповна моќ кај дел од населението и влезот на странски инвеститори, особено од дијаспората, а во исто време монетарната политика и инфлацијата играат значајна улога во тоа.
– Со порастот на цените на енергенсите и материјалите, градежните компании ги префрлаат овие трошоци врз купувачите. Покрај тоа, инвеститорите ги гледаат становите како средство за зачувување на капиталот, додека недостатокот на алтернативни инвестиции на локалниот финансиски пазар го засилува трендот на вложување во недвижности. Локалните услови се дополнително усложнети од спорадичното регулирање на пазарот, што овозможува цените да продолжат да растат, поттикнати од очекувањата за идно зголемување на вредноста на становите – оценува професорот Бауш.
Албанија доживува бум во недвижностите, стан во центарот на Тирана чини 1.750 евра за квадратен метар
Албанија станува топ-дестинација за инвестиции во недвижности во Европа. Тирана, како и остатокот од Албанија, ќе доживее бум оваа година, а најмногу би можеле да имаат корист од оние кои сега инвестираат во недвижности.
Од „Балфин Риал Естејт“ како клучни причини ги наведуваат значително пониските трошоци, поволната локација и богатото културно наследство во споредба со другите земји.
– Цените на недвижностите во Албанија се релативно ниски, што ја прави атрактивна опција за инвеститорите. Во популарните дестинации како Грција, Шпанија или Португалија, цените достигнаа нови височини во последниве години, оставајќи ги инвеститорите со повисоки трошоци за влез и ограничен потенцијал за раст. Албанија, од друга страна, нуди пониски влезни точки за инвеститорите кои сакаат да влезат во растечкиот пазар. Во крајбрежните области како Валона, апартманите во овој град нудат одлични можности за инвестирање поради нивната достапност и близината до прекрасните плажи, чисто море и живописните туристички дестинации – посочуваат од „Балфин Риал Естејт“.
Во 2024 година, населението на Тирана порасна за 1,54% во споредба со претходната година, што се припишува на приливот на иселеници и дигитални номади, привлечени од пристапното живеење и добрата локација. Овој тренд се очекува да продолжи и во 2025 година, па не е ни чудо што инвеститорите го гледаат пазарот за изнајмување во Тирана како ветувачка можност.
Цените на недвижностите во Албанија ќе пораснат во 2025 година благодарение на економскиот раст и поголемиот број странски инвестиции, проценуваат експертите. Ова зголемување, кое се очекува да биде помеѓу 3% и 7% од вредноста во 2024 година, го прави ова добро време за инвестирање.
Од друга страна, се додава дека албанската влада спремно ги пречекува странските инвеститори со даночни олеснувања и полесни правила за сопственост на имот за нерезиденти. Овие потези го прават пазарот на недвижности попристапен и попривлечен за меѓународните купувачи.
Екстремно скапи се недвижностите во Србија, во „Белград на вода“ најскапиот квадрат чини над 9.000 евра
Во Србија според Републичкиот геодетски завод, највисоки цени за станови се постигнати во Белград, каде што најскапиот квадрат лани е продаден по цена од 9.125 евра во комплексот „Белград на вода“, додека на истата локација најголем износ од 955.000 евра, издвоен е за стан со вкупна површина од 145 квадратни метри. Но, во Белград можат да се најдат станови со цена до 2.200 евра за квадратен метар, најмногу во населбите на периферијата на градот.
Александра Михајловиќ, од порталот 4зида, за РТ Балкан вели дека се очекува 2025 година да донесе стабилизирање на цените на пазарот на недвижности, со континуиран благ раст во одредени сегменти.
– Особено во Белград, експертите предвидуваат дека побарувачката ќе остане висока, пред сè во категориите новоградба во централните делови на градот и подостапни станови на периферијата – вели Михајловиќ.
(С.Бл.)