Шест месеци како од бајка, а потоа ги спакува куферите и си замина

131

Интернационалецот од Габон, Пјер Емерик-Обамејанг, помина четири години во редовите на Арсенал каде беше капитен, но откако имаше несогласувања со Микел Артета, беше одлучено дека мора да си замине од „Емирати“ во јануари 2022 година.

Сепак, малкумина очекуваа дека Обамејанг ќе заврши во Барселона, каде што дојде како слободен играч, бидејќи „топчиите“ се согласија да го раскинат неговиот договор за да не мора Каталонците да плаќаат отштета за него.

Многумина беа скептични кога Габонецот потпиша за Барселона, но тој одигра фантастично во вториот дел од сезоната и се покажа како одлично засилување.

Брзоногиот напаѓач успеа да постигне 11 гола на 17 натпревари во дресот на Барселона и додаде една асистенција.

Иако Барса тоа лето донесе неколку засилувања во нападот, се чинеше дека Обамејанг ќе остане, но пред крајот на летниот преоден рок повторно ги изненади сите со тоа што реши да го смени клубот.

Искусниот напаѓач ја напушти Барселона и се врати во Англија каде потпиша за Челзи, а Каталонците успеаја да заработат дури 12 милиони евра.

Сепак, на навивачите на Барса не им беше јасно зошто Обамејанг си замина и зошто инсистираше клубот да ја прифати понудата на Челзи. Габонецот не сакаше да зборува за тоа, но две години подоцна реши да стави крај на мистеријата и да го објасни хоророт низ кој поминал тој и неговото семејство и зошто на крајот ја напуштил Барселона.

Имено, во август 2022 година, Обамејанг и неговото семејство доживеале пекол кога разбојници упаднале во нивната куќа додека биле таму, па дури и ги земале како заложници додека не украле се што можеле од куќата.

“Мојот постар син ме разбуди, втрча во нашата соба и ми кажа дека некои луѓе влегле во куќата. Му реков да се крие и да молчи”, откри Обамејанг и продолиж:

„Влегоа во куќата преку терасата. Жена ми, мојата роднина и нивната пријателка беа таму и пушеле цигари. Го земаа пријателот како заложник и влегле низ вратата. Слушнав како жена ми вреска, имаа вперен пиштол во главата. На горниот спрат од куќата беше сестрата на мојата сопруга со нашето бебе, јас и реков да се сокрие каде што може“.

„Се вратив долу и тогаш се соочив со разбојниците. Беа четири или петмина. Еден извади пиштол, го впери во мене и ми рече да дојдам. Не сакав да го слушам. почнавме да се расправаме, му реков да земе што сакаат, но тој не ме послуша, а потоа почна да ме удира со тупаници, со нозе и со рачката од пиштолот.

„Се обидов да се одбранам, но еден од нив успеа да ја најде сестрата на мојата сопруга која се криеше со децата. Ги донесоа пред нас и ги врзаа. Не можев ништо друго. Ме претепаа, а потоа ме натераа да шетам низ куќата и затоа од нашите работи украдоа се што им се допаѓаше“.

„Ќе се борев со нив да бев сам, немаше да ми биде проблем, но вака, со семејството и децата во куќата… Ни остана огромна семејна траума. На моите деца не беа им беше дозволено да одат на училиште, се плашеа да спијат сами. Имавме кошмари, тоа беше навистина страшно искуство“.

Тој немил настан остави трага кај Обамејанг и неговото семејство, а само неколку дена подоцна реши да ја напушти Барселона, иако и самиот беше свесен дека греши бидејќи играше многу добро во тој клуб.

Сепак, стравот за неговите најблиски беше посилен од се и набргу потоа Обамејанг потпиша за Челзи. Ниту во Лондон не се задржа долго и по само една сезона замина во Марсеј каде исто така помина само една година.

Минатото лето овој 35-годишен напаѓач замина во Саудиска Арабија за девет милиони евра, каде потпиша за Ал Кадиса.

 

ИЗДВОЕНИ