Шест лица уапсени во Романија: Осомничени за подготовка на „проруски пуч“

34

Романските обвинители во четвртокот соопштија дека уапсиле шест лица под сомнение дека подготвувале државен удар со руска поддршка, што претставува значителна ескалација на тензиите меѓу Букурешт и Москва.

Осомничените беа уапсени во средата, истиот ден кога Романија, членка на НАТО и на Европската унија, ги прогласи руското воено аташе и неговиот заменик персона нон грата за, како што рекоа, активности кои ги прекршуваат дипломатските норми. Москва соопшти дека ќе возврати на овој чекор.

Како што е објавено, доказите во случајот покажале дека од 2023 година петмината обвинети формирале организирана криминална група со цел да го нарушат суверенитетот и независноста на романската држава преку поткопување на политичкиот и одбранбен капацитет на земјата.

Од 2024 година, уште еден обвинет се приклучил на организираната криминална група, при што сите членови спроведуваат континуирани, свесни, јавни или конспиративни дејствија насочени кон постигнување на предложената цел, се вели во соопштението на обвинителот на Управата за истрага на организиран криминал и тероризам (ДИИКОТ).

Според соопштението, членовите на криминалната група повеќепати воспоставиле контакт со агенти на странска сила, кои се наоѓаат и во Романија и во Руската Федерација.

DIICOT објави дека организираната криминална група е формирана под маската на организација и развиена како структура од воен тип, со раководен ешалон (генерален штаб) и извршен штаб, предводен од осомничениот под истрага, пензиониран генерал-мајор.

Истрагата открила дека членовите на групата, преку онлајн платформи, регрутирале следбеници и објавувале видеа (известувања испратени до романските државни органи, национални и меѓународни организации).

Обвинетите презеле чекори за преговори со странски политички и воени фактори за повлекување на Романија од НАТО, со цел укинување на постоечкиот уставен поредок, политички партии и формирање нова влада составена од членови на организацијата кои ќе заземаат министерски позиции, ќе ги сменат сите вработени во државните институции, ќе усвојат нов Устав и ќе го сменат знамето и името на државата, се вели во соопштението.

Двајцата обвинети отпатувале за Москва во јануари, каде што оствариле контакт со луѓе кои се подготвени да ги поддржат напорите на организацијата за преземање на државната власт во Романија, соопштија романските власти.

Во Букурешт и окрузите Илфов, Ѓиру и Марамуреш во средата се извршени осум налози за претрес на куќа, по што биле идентификувани и одземени повеќе докази, а предметот денеска ќе биде доставен до судијата на Апелациониот суд во Букурешт со предлог за превентивен притвор за четворица обвинети и уште двајца обвинети во домашен притвор, соопшти агенцијата.

ИЗДВОЕНИ